ами (сврз.) - ако (сврз.)

— И за малку слинките што не ѝ протекоа, па си вели: „Магарице стара, стрвла една! Ами ако не ти беше празен поасот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами ако е за калци да ти донеса, токо — големи се плетени сите мој калци, та не ќе може да и носе, — со радост изјави Нешка готовност и таа да го израдува Крлета како тој неа со китките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Леле, мајче ти мила! „Ами ако почне секој ден по еден петел да коле, што ал прави црни Илко, сака сите селски петли да ги исколе и пак не стигаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами ако навистина ја заболи забот, си мислев јас застанат над бунарот, ако заради тоа, место една, испијат по две, или по три, или дури и по четири, тогаш дали Јован утре ќе биде кадарен да дојде и да копа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Како не помислив на тоа. Ами ако задоцни Патрокле? Ако го испревари џелатот?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Добро, ако е жив, велам, ами ако не е?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се Бугари, арно, - ќе се разберам; ами ако се Турци или Власи или Арнаути, како ќе се разбирам за да зборувам?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
9. ПОМИНА ЗИМАТА НЕ ТРЕБА ГУЊА - така е додека си галеник в куќи, ами ако, непрокопсан, по светот се луњаш и другаде ли постелите ќе ти бидат вруќи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)