Беше една мисла и тој на неа не можеше да си ја препознае како своја, сепак; ја отфрли уште следниот миг недомислена, но таа остана негде скрајума да демне во него, како отворено око на непрепознавањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се чудел Онисифор Мечкојад, поточно не тој самиот туку како некој одамнешник да демнел од него со прашања зошто не го оставил другиот Онисифор сам да се расправа со закопот, како и пред тоа - со покојниковите претчувства и предвидувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одиме нога за нога, кроце, како да демнеме арамија, па наеднаш ќе се свртиме и ќе речеме „здрув!“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговите придружници можеле да бидат исто така пци пуштени од синџир но тешко го стасувале - Онисифор Мечкојад брзал, потрчнувал кон нагорнината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој не стаса ни да помисли на нешто како на вреденост и разжаленост; тоа остана да демне во него само како уште едно далечно, тенко, но заедно со тоа и толку злокобно знаење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само заокружив назорум, назорум, како да демнам, а уште повеќе како да ме демнат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)