да (сврз.) - замиже (гл.)

Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти и ти го подметнува својот грб за да починеш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да замижеш пред оваа глетка - глето - глина - глодар спружена гледливо и пожелно на небето, под јазикот небаре вино лежено во визбите на вечноста!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можеме да замижиме пред сопствената немоќ, пред нашите и туѓите маки, зошто вербата веќе одамна ни е разнишана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби уште тогаш требаше да замижам со очиве, да поголтнам, како што е ред, и да ви пријдам под стреата каде што ме чекавте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Македонката со колак коса врз темето не можеше да замижи пред толкава болка па и од нејзините очи потекоа солзи, како и од очите на високиот маж, а заминаа без да ги поздрави толпата, со чувство дека сите ги мразат штом се дрзнуваат да испорачуваат Македончиња како Грчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали да замижам на вистината, или да ѝ погледнам в очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Освен да замижиш па да не гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој молчи. Сака да замижи, да го остави на мира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)