да (сврз.) - наздрави (гл.)

- Но, да ве видам сите со чашите во раце. Да наздравиме за иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше готов да наздрави. Јас не знаев за што. Иронично го погледнав.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Да го оставиме тоа настрана... - пак рече Французинот. - Да наздравиме за прекрасното вино...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нејзиниот пријател Британец се изнасмеа заедно со неа. „Да наздравиме за тоа!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Туку нема потреба понатаму да се опишува какви сè не здравици и благослови се роеја меѓу надојдените гости на бадниковата прослава, но кажете ми вие само едно: какви ли се тие луѓе што можат да наздравуваат во името на животот, директно соочени со смртта?!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На тој ден стана обичај луѓето да одат еден кај друг, да пијат, да наздравуваат за здравјето на добиците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ХЕРЦОГ: Госпоѓи и господа, го имам задоволството да наздравам во чест на нашиот ценет гостин од Германија, господинот Херман Клаус. (Сите стануваат. Пијат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Онисифор Мечкојад ја подал десната рака кон пазувите како да ќе побара нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каква била таа пречка што не му позволувала да наздрави добронамерно на гозбата на пријателството? Се чувствувал отфрлен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)