Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сврделот, заедно со тој Ѓунијата, после, кога ни се врати капитализмот, се обиде да премине од комунист во националист, како што правеа сите тие, ама веќе беше предоцна, беше престар да скрши и од оваа погача.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Неговото незнаење се бунтуваше, бараше да скрши некакви прегради, не се срамеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Може малку да скршам, му велам на еден.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ми гу нема Димустен, ми гу нема Доне, нема су кој лаф да скршиш!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Добро се стрескав, нога скршив, но можев и глава да скршам.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Не бев многу палаво дете, но се случи да скршам едно стомне.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)