Бугарскиот трговски агент (дипломатски претставник) во Солун А. Шопов, „засрамен“ што неговите „Бугари“ ги извршиле атентатите, разгласил во градот дека атентаторите не биле „народни борци“ туку социјалисти и анархисти.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во „Емброс“ била објавена вест во која се кажувало дека атентаторите имале планирано да ги нападнат со бомби грчкиот конзулат, Грчката митрополија и грчката гимназија, но не успеале да го реализираат тој план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)