дека (сврз.) - гроб (имн.)

Јас немав цврсти докази дека гробот зад олтарот е на Никола Поцо, освен кажувањата на луѓе од семејството и надвор од него кои божем го задржале помнењето од колено на колено дека гробот е токму тој, потоа фактот дека на гробното место на фамилијата Поцо немаше ниту гроб, ниту знак за гроб на стариот Никола и, најпосле, мојата лична интуиција или, можеби, повеќе, желбата тоа да биде негов гроб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му се стори како да стапнал во влагата на некаков гроб и не се чувствуваше ни малку подобро затоа што отсекогаш знаеше дека гробот е таму некаде и дека го очекува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)