дека (сврз.) - секогаш (прил.)

По ова немаше жалбена постапка, по што судската одлука, во декември 2009, стана правосилна и извршна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи таа не беше спроведена доброволно – во оставениот рок од осум дена по приемот – истата подоцна е извршена присилно, преку извршител (Ж.Пријевиќ) од банкарската сметка на компанијата, што секако дека работодавачот го чинеше значително поскапо, имајќи ги 290 предвид цените за награда на извршителите согласно Извршителската тарифа.8 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку има повреда на некое работничко право тој вели дека повторно би тужел, но потенцира дека секогаш во придружба на адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од проучувањата на империите на Балканот, беше заклучил дека секогаш кога на нивниот врв ќе се најдел император- јаничар, тој секогаш, сакајќи да ја докаже величината на своја­та изместена душа, бил готов да ја одржува илузијата на победата по цена на поразите на другите, но и на своите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му зборував за важноста на Маказар за целиот крај, за неговата историја, дека ништо никој никогаш не направил, а дека секогаш, макар не многу, само се земало, дека луѓето се селеле за подобар живот, од немање, еве вакви услови, реков, од немање вода, струја, телефон, пат асфалтен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Животот ми имаше покажано дека секогаш кога ќе му ставев некоја забелешка, тоа тешко го доживуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас би рекла дека секогаш беше сурово чесен и ненаметлив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Коригираше и лекторираше километри ракопис...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш поднаучивме дека секогаш е полесно да се рече отколку да се испече.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Подоцна катаден се потврдуваше дека секогаш има такви кои не веруваат во ништо, па ни во тоа што самите го ломотат во градските озборувалници.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа им призна дека секогаш ја сакала само првата жртва, сите други биле само обид за нејзино враќање.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Лукави се стапиците што животот ги поставува“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и привидите ги сместуваат во оној несовладан дел од вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но до каде се ѝ лутале мислите во тие моменти, можев само да си замислувам; притоа не престанував да верувам дека секогаш бев близу до вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со слична цел (да обескуражи секое избрзано решение) беше и она мое укажување дека секогаш постојат и додатни опасности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Самиот ги создава, реков, а потоа му ги препраќа на нашиот ум!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му подреков дека животот многу ги цени скривалките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На човекот му се чини дека секогаш му е потребно малку повеќе вистина од онаа што ја има.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој модел воспоставува систем на моќ во кој: • изворот на моќ е невидлив за оној којшто таа моќ најсилно ја доживува, • индивидуите се изолирани во своите искуства на потчинување, • индивидуите се субјекти на “посматрање”, • за индивидуите е невозможно да определат кога се изложени на надгледување и испитување а кога не се, и според тоа тие мораат да претпостават дека секогаш се надгледувани, • индивидуите се поттикнувани постојано да се вреднуваат себеси, да се контролираат себеси и да работат на своите тела и души за да ги направат послушни, • моќта е автономна сѐ додека тие кои учествуваат во потчинувањето на другите, следствено, се “инструменти” на моќта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас ја дискутирав Фукоовата анализа на овој модел и на друго место (White, 1989).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ќе знаеш дека секогаш зад жалосното лице се крие твоето радосно лице.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Значи ли тоа дека секогаш постои причина човекот да се затвори длабоко во себе, да ја крие својата човечност, поведен од стравот да не биде повреден? – се обиде да заклучи Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
__________ 12 Гласот на Костур 13 Текстот е на костурски народен говор и акцентот паѓа на вториот слог од крајот на зборот. 14 Македонијо прочуена На Александар земја Го протера Бугаринот И слободна си сега 15 Ветувам пред Господ, пред луѓето и пред официјалните власти на нашата држава, дека од денес ќе престанам да зборувам на словенскиот идиом кој е само лажен повод за непријателите на нашата држава, Бугарите, и дека секогаш и секаде ќе го зборувам само грчкиот на кој е напишано Светото Евангелије на нашиот Христос. 16 Старото име - Тремино 17 Старото име - Лудово 18 Старото име - Крпешина 5.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Впрочем никогаш не се чита директно. Знам дека секогаш се чита од шеми и посредувања, значи ни јас не заповедам мене да ме читаат со некакви пренесувања во интуитивни екстази, но барам да се биде повнимателен при посредувањата, покритичен при преведувањата и при заобиколните контексти кои често се мошне оддалечени од моите. 60 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се сети дека секогаш ја смируваше не толку со молитва, ами со пишување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Спасот е во верувањето дека секогаш постојат луѓе со кои можеш да разговараш.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако овој си заминал, Гоце му ги вратил парите на Балабанов и му рекол дека секогаш кога студентите заминувале на студии во големиот град, стопанот на кафеаната доаѓал и им ги пребарувал џебовите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Морен во наведеното интервју објаснува дека секогаш грешел кога го слушал само едниот демон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред двеилјади години, Синот Господов-Исус своите следбеници ги подучувал дека секогаш треба да го подаваат другиот образ ако претходно добиле шлаканица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А знаеше дека секогаш понатаму ќе си остане така и дури и повеќе ќе се оддалечува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој знаеше дека секогаш застануваат, знаеше дека тие нивни врвици така го пречекуваат денот, но ниеднаш не помисли дека ќе застанат токму тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека каде и да се ќе излезат сигурно на сртовите, сите оние итроноги и плашливи козички, дека тие не ќе можат да не излезат за да прошетаат по тие сртови пред огрејсонцето во едно такво разденување. Знаеше дека секогаш доаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, стрпи се малку и еднаш признај дека секогаш не си во право.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И сфаќаш дека секогаш кога ти се нудат можности „боли глава“ не знаеш да си направиш избор, а да биде правилен, тој изборот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш навистина изгледа дека ѕвечкањето на нивните гитари ќе ја потисне вревата на тапите удари од чеканите на сите работници во светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чини дека секогаш влијае некако смирувачки и утешувачки за еден изморен човек“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Парацелзус го испрати до работ на скалата и му рече дека секогаш е добредојден во неговата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Конструирана е така што долготрајно овозможува рамномерна температура на загревање, зашто одделни алхемиски процеси понекогаш траеле со денови, па и со недели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А таму, ене ги, Queens - Србија и Bronx - Хрватска. Bronx очајнички ја бара својата независност, тврди дека е независен од New York и дека секогаш бил. Queens не дозволува, се чини дека сака контрола врз целиот New York.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа, пак, знам дека секогаш кога ми се случува нешто неубаво, нешто лошо или болно, тоа е дел од казната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И уште нешто ќе напоменам; Факт е дека секогаш доброто победува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во 1931. год. Гедел ги осуети очекувањата на многу еминентни научници, од Хилберт до Расел, со тоа што докажува дека секој систем кој е адекватен и конзистентен мора да е и некомплетен, што значи дека секогаш ќе има вистинити тврдења што можат да се изразат (напишат) но не можат да се докажат - ниту тврдењата ниту нивната негација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој не ја кореше што е со него; тој само мислеше дека секогаш и секому носи зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас лично се почувствував дека сум способна и за многу повеќе отколку што бараа од мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, не сакав да заборавам или скријам дека бев едно селско дете, со образование од четврто одделение и дека секогаш требаше да покажам повеќе знаење и умеење од другите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во нередовни интервали, тие ќе му поднесеа едно валкано парче хартија за кое велеа дека е сметката, но тој имаше впечаток дека секогаш му наплатуваат помалку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оваа случка ми ја раскажа Вилхелм Фридеман, кој таму бил во придружба на татко му, и морам да признам дека секогаш со задоволство се присетувам на начинот на кој ми ја раскажа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Му немав ништо речено на Милошевски ни за тоа дека неговата кукличка знае многу примамливо да врти со опашот, и дека секогаш влечи зад себе цела сурија мрсулковци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи подоцна открив дека секогаш, зад зборовите, сè едно дали се само напишани или пак изречени, останува нешто како очекување!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во него живеете додека живеете потем воскреснувате: сите мориња се ваши ваше е бегството, очајната надеж дека секогаш има поубав свет - оној што го немате, изгубениот и времето дури е ваше кругот е перфидно совршен освен ако не се најде човек да ви постави ѕверска спрепка!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А искрено, да ти кажам, требаше главата да ти ја прониже, а не дебелото месо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Велиш со една нога? Море ми се чини дека секогаш гледам еден таков.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Денес делото на Алфред Хичкок е ценето во целиот свет и младите кои сега ги откриваат Прозорец во дворот, Вртоглавица, Север-Северозапад, благодарејќи на репризите, сигурно мислат дека секогаш било така.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи, имаше знаци дека поединци и пред вас влегувале во куќите, пребарувале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, оној мрак во испразнетите куќи, стравот што демне од секое ќуше, а и темницата; она чувство што го потхранува таа: дека секогаш постои можност и некој друг да се појави од длабочините на ноќта, некој што исто така е претоварен со страв!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И точно се знаеше дека секогаш дедо ти имаше горе, во планината сто овци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Истото правило важеше и при 11- месечниот процес на монтажирање. Hank Corwin, кој работеше на монтажата вели: “Сакавме да постигнеме импресионистичко чувство, но немаше случајности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствено правило беше дека секогаш можеш да се предомислиш и да пробаш нешто друго”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа може да стане иднина на правењето филмови.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас знам дека секогаш кога имам потреба од душевен мир и спокојство погледнувам кон небото, зошто само таму во тој безграничен простор, каде границите се вишок сетилата ми се слободни, живот без грев, ин оптима форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За многу работи во животот не можеме да се разбереме, секогаш има вина и виновник, но никогаш не може да биде погрешно ако ја кажеме вистината, ќе излезе од нас и не мора да се враќаме назад, на крајот човекот е светлина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Меѓутоа, сега, откако успеав да ја совладам, но не без мака оваа одбивност, јас би сакала да ви кажам дека секогаш евоцирањето на вашите родители ме исполнува со чудесност и восхит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас сум сигурна дека секогаш ќе има читателска рублика за вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Среќна сум што ви е невозможно да не пишувате (и после с, да бидете познат во Франција е голема чест за еден писател).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се заколнувам дека секогаш сум верувал, верувам сега и со Божја милост и во иднина ќе верувам во сѐ што светата католичка, апостолска и римска Црква го има за вистинито, за што моли и што учи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајка ми често се присетува дека секогаш се радувале тие трите, таа и моите две тетки, кога биле мали, штом дедо им Марко ќе почнел да им ја кажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А видов, не да не видов дека секогаш доаѓа со чанта со книги.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаеше дека секогаш, ама баш секогаш внимавал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Верувам дека никогаш не бев единствената со ваков проблем, ниту во моето опкружување ниту во светот, меѓутоа некако ми се чинеше дека секогаш другите малку подобро се снаоѓаат со домашната економија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)