додека (сврз.) - дедо (имн.)

Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сам со своите мисли, додека дедо му се поздравуваше со дуќанџиите и муабетеше со познаниците, тој уште тогаш почна да го фаќа ритамот на градот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа, додека дедо ми сврти кон пангарот од Петрета, сега питроп да купи свеќи и да фрли некоја пара на пангарот ние чекавме на вратата тој да се врати и секому да ни подели по неколку свеќи: по една да запалиме тука на влезот пред иконата на Свети Никола, уште по две за на свеќниците пред олтарот и по некоја да ни гори во рацете додека трае службата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сѐ додека дедо ми можеше да излегува од дома на неговото ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој тамам ќе попрестане, а дедо Геро пак ќе му ги покаже забите и ќе му пристори: - Хе-хе-хе-хе... и така со ред додека дедо Геро не го изел зелникот, а Митре останал гладен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)