Нам мигум ни станува јасна идејата дека империите доаѓале и минувале на Балканот, режимите и професионалните политичари ги потикнувале караниците и војните, додека народите секогаш го наоѓале заедничкиот јазик на соживотот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За прафашизмот индивидуите како индивидуи немаат никакви права, додека народот, напротив, е сфатен како квалитет, како монолитен ентитет кој ја изразува заедничката волја.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Додека народот од својот ладино полн со турцизми невешто вртеше на грчки, аристократијата од грчки сѐ повеќе преминуваше на француски.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но тоа не одеше така лесно. До август триесет и третата, траеше нивната солунска идила.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)