додека (сврз.) - мој (прид.)

Многу ме мачеше тој месец додека моите работи стоеја таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ додека моето бебе-јас не беше сакано, јас бев расцепена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само, додека мојата сестра го проколнуваше Бога зошто го изгуби нејзиното, јас го славев затоа што моето го спасија и се роди здраво и живо!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не пијам нес кафе, ама уживам во убава чаша со нешто во неа, и не лежам веќе по камења, не се сончам на директно сонце, ама знам да уживам на креветче со добра книга, додека мојот мал Тото од едно кило ме чува како крволочен пес, кој секој што тука ќе помине го гледа како крадец на најроденото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Претпладнето, додека моите беа на работа, брат ми и јас ковавме план. Идејата беше негова.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако му раскажав што и како се случи вчера во паркот, тој призна дека тоа било едно возбудливо доживување и ми се пристори дека помалку и му е криво што нему не му се случило.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Последните неколку години, матичниот лекар го лекуваше од спондилоза, се додека мојот многу добар пријател Даскалов не ги виде метастазите предизвикани од ракот на белите дрободи!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го отвораше фрижидерот. Посегнуваше по шишето со ракија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ме терате да се чувствувам како некоја злобна личност, додека моите намери беа најневини.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тетеравејќи се по неа, додека моите Еди Бакс чевли се лизгаа на топлиот метал и влажните шперплочи, размислував за тоа како подот може да биде поопасен од остатокот од територијата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А, згора на тоа, бев сигурен дека наставничката Трпана малку ќе ми прогледува низ прсти тие денови додека моите беа на пат, водејќи сметка за „нарушувањето“ на мојот живот без родители.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку што повеќе мислев на тоа, толку повеќе се потев - па се обидов да разговарам со тетка ми Олга додека мојата друга тетка се извини и рече дека ќе донесе нешто од другата соба "да се послужиме".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ги ни засука ракавите кога ја нурна во водата и со долниот дел го поклопи падобранот од тоалетна хартија и којзнае уште што друго под него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа и се прашувам Кому му припаѓам додека мојата проѕирна сенка истекува со минливоста Ја гледам како се протина помеѓу камењата Како да ми ги бара нозете Колку долго Ќе постои кога ќе се ослободи од нив?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Додека мојата господарка заминуваше” ми објасни сенката, „додека заминуваше не кажа кога ќе се врати и што да сторам! Само ми нареди овде да чекам“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можете да ме слушнете како свирам на пијано на десетгодишна возраст, додека мојот помал брат плаче во позадината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)