додека (сврз.) - таму (прил.)

Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- И јас го паметам тоа. Летаа сѐ до Срем, додека таму не се истрошија...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ѕидот што беше го ѕидал Симон додека таму беше Лена, се познаваше од далечината, наместа повисок, а на други места понизок, недозавршен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа, тој влегуваше во малата куќичка од штици веднаш до трансформаторот (јас еден ден бев таму и видов како изгледа тоа), се погледнуваше во огледалцето обесено на ѕидот, а потоа го вадеше шишето со ракија и го ставаше на малото тезге довлечкано од кај браната додека таму се градело. Тоа сега служеше како масичка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И додека таму на спуза се печеше кафето, се загледав во очите на Лефтерис и го прашав: - Каде се, бре Лефтерис, камењата од ѕидовите и темелите на нашите куќи? Молк.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но што е важно што управува со абакусот, сѐ додека таму постои физички систем, кој каузално чекори низ правите состојби?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што да правам сега? Другите се вмешаа со совети. - Ништо од тоа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)