и (сврз.) - нарача (гл.)

И навистина, во кафеанчето му се приближи еден од прилепските чорбаџии, со кого кајмакамот често пиеше кафе и нарача две кафиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еднаш, се сеќавам, кога имавме нешто пари во нас посака да седнеме на јадење во едно локално кафеанче. Седнавме и нарачавме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го дочека изутрина лебот и бравите, ги натовари на пет коњи и нарача за другиот ден пак толку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се одвезовме на Бондаи Беј одбравме место на ресторанската тераса и нарачавме некакви ќебапчиња од морски животинки и, се разбира, по едно студено пиво.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Нарипаа четниците од Толета и Андона, дојде и Толе со Андона и Ќосото и почна да се чуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е море, ќе проштаваш, Толе, за утре, туку излези денеска од село! — си помисли коџабашијата во себе и отиде кај поп Ристета да се посоветува што да прави да се спаси селото од очигледна пропаст.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)