и (сврз.) - одлета (гл.)

Во далечината еден хеликоптер се урниса удолу меѓу покривите, рееше за миг како мува зујалка и одлета повторно, кревајќи се.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дадов отказ од работа и одлетав назад за Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Благица му мавна со рака. Врапчето заврте уште неколку кругови и одлета кон полето, кај дрвјата, цвеќињата, кај тревичката...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Едо се насмевна поткревајќи ја главата од што врапчето се исплаши и одлета.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Огненото тело протрча крај нас, мина низ телото на отец Стефан како низ ништо да минува и одлета кон небесата, над шумата, над ридот. Така беше, оти не беше поинаку, смерни и бедни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се отпуштив сосема, за да може креветот полесно да ме земе и одлетав, или потонав, не сум сигурна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И одлета пилето, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се разнеле и гласишта небаре се приналутил и одлетал во Ледената палата на соништата...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Благодарам!“ воскликна таа. „Пахх!“ викна и одлета под јаболкницата обземен од тмурните мисли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)