Уметноста не може да се продаде во земја каде владеат сапуници и кич па затоа поарно садете патлиџани, чувајте свинче и продаајте чварки.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Купуваше и продаваше сѐ на кое можеше да спечали.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ги гледаше Висар на широкиот пат крај езерото испоседнати Ѓупците со разни бакарни садови што ги поправаа, калаисуваа и продаваа, ги гледаше како одат по куќите и бараат нешто за јадење, тропаат по вратите, а луѓето им викаа: „Сиктер, никогаш вас човек не може да ве нахрани; и кога Ѓуптинот го поставиле за цар, тој прашал: А што ќе правам за леб...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Денес сѐ се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најефтино.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Можеби на прв поглед се чини дека, во ваква строга поставеност на нештата, нема простор за никаков проблем – бидејќи тешко може да се наиде на пречка во јасно дефинирани услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Освен притисокот врз здравјето од тамошната мачна работна атмосфера, постоеше и притисок од страна на тогашната извршна власт – која, според В.И., бесправно земала, давала и продавала дел од производите со кои работела фирмата, а работниците не добивале никаков надомест за тоа!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, барем во одделот каде што таа работеше, постоеше солидарност и добра соработка меѓу колегите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се женев во сенокос, околу црешни берење. Тогаш дојде грнчарот Толе од Вранештица и продаваше земјени посатки за раздавање. За мртвите на Дуовден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)