и (сврз.) - тече (гл.)

Детето изгубено гледаше во девојчињата, а од очите му се сливаа солзи и течеа низ обравчињата. И под носето му течеше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Такви се тие, се плашат од оние на повисоко, но кога ќе го изгубат стравот, го губат и срамот, се ослободува стерната, и течат секакви води.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А учителот, притоа, не испушташе да рече: - Гледате ли, драги мои, како секојдневно и неусетно ни се слива времето. . . како се проткајува и тече, тече и одминува со нас, а и ние со него. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се чувствува мек, бестелесен и тече в неврат, и не знае дали зад него не останува зелена опашка на ѕвездена луталица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)