Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многубројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)