Купив друг и него јас самиот, без да сакам, го убив со пушката дури се одмарав на патот за Лева Река.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој разбра дека има нешто меѓу ќерка му и него, само толку, ништо повеќе, но тоа му беше доста.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тие зборови му значат дека ништо немало ниту може да има меѓу оваа девојка и него, сето ова е една измамена случајност, и нема полјакот зошто да се смешка така и да расправа после по комшилукот и по чаршијата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Беше тоа едновремено и болка и пизма, и љубов и гнев, во секој случај Карер почувствува едно силовито зрачење од ликот на високосвештеникот што и него го ободри и го исправи на столицата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го виде Германецот застанат на прозорецот, и насмевнат, оддолу, владиката ја крена раката со владичкиот стап во знак на срдечен поздрав.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ама каде си го повлекла ова дете? И него да не го свршуваш? Ха-ха-ха…!?
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Васе се допре до Колета и му шепна: - А Бузо? Да го доведеме и него?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во џебовите ништо не ми остана!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Влегувајќи во секој нов круг бев убеден дека ќе стокмам повеќе од Љупчо, но или „горев“ или тој победуваше.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
„Ете и него ќе ми го продаде Адем" — си помисли Јован во себе, и кога го кладе филџанот на дизгот му се опули право в очи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тревогата неусетно му го полни срцето со порив да се покаже, да се истакне, да го видат и чујат еднаш и него. Трубачот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И него сега почна да го копка црвецот на сомневањето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но, и таа реса бргу се стопи во белата јаснотија што го обземаше дури и него самиот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потоа, кога ќе дојдеше време да се вратиме во нашите соби, болничарите го фаќаа Хајнрих под мишките, и тој се подигнуваше, па потоа тие со рацете го бодеа во грб, и тој чекореше, механички, отсечно мрдајќи со нозете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А Хајнрих гледаше без да ги помести зениците, како да нема ништо околу него, како и него да го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нема да најдеш ни крвав снег, зошто оние најгладните и најслабите од суриите и него го јадат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набрзо потоа и црквата ја затворија, односно ја пренесоа во надлежност на попот тополечки, и него го довлечкаа оттаму, од Србија, откако тукашниот свештеник, поп Цветана го уби мајорот Загориќ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше недела, втора година од владеењето на Србите во Потковицата, прв ден Велигден.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кучето го негува како чедо; постојано е со него: каде оди тој и него го води; му дава што е најубаво за јадење, го храни исто како што ги хранеше кучињата во Пансионот. Игра со него, го дресира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Како што наближуваа, нејзиното срце почна сѐ поинтензивно да чука, препознавајќи го и него: тоа беше нејзиниот љубен Петар. Рака под рака со Атина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За жал, се чини дека Шарон тоа и го сторил. Помошта се чини не изостанала!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гледаш, секој ден искачувам за да ги пречекам мама и него ... мојот мил... дорече во себе. - Оди, Ѕвездо моја.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Бабата Петра не го чепнува својот чипчак, гледа внучињата да поткаснат колку што се може повеќе, нека стое, ако не им стигне и него ќе им го претури.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Осумнаесет години го хранеа тие три предмети и него и неговото многучлено семејство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој беше претставен од татка си како „чорбаџија“ и него имаше да го слушаат аргатите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Појде попот, го заведе по него, си киниса попот, го зе и него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Богословот се врати насмеан и повисок. Со своето враќање го врати и него од неговиот свет.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Хм! Што друго освен да отидеш до Дика и него да го молиш да направи некако да те куртулиса.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: Бог да го прости, ама не дај ми, боже, пак таков кум!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И Скрче уште од зори шеташе од другата страна на брегот. И него го зајаде црвецот од она што го чу од Царјанка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој беше козар и него партизаните го имаа за курир, пандур, ние што велиме.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)