и (сврз.) - никому (зам.)

Ете некни ѓерданчето на Босилка ѝ загина; не е човечка глава да, човек умира и никому ништо, а ќерко, а не ти оти едно клопче ти загинало и да плачеш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таа крв ја разбуди црната крв на исплашените соседи по третпат за да заклучат - ЛУД Е И НИКОМУ ДОСЕГА НЕ МУ ДОНЕЛ ДОБРО...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Децата од „практични“ причини и за добра организација, а и за да не кршам атер некому и никому, учат во различни училишта, ама сите попат: од Бутел, преку Зајчев рид, во Карпош, во гимназијата „Орце Николов“, па во „Пролеќе“, во училиштето „11 Октомври“ и на крај малото, на Водно, во градинката „Кочо Рацин“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
5. АКО ПИЕ, ЗА СВОИ ПАРИ Е ПИЈАН - ако ги извади, ги вади очите свои, и никому ништо не му прави зијан, само што не шие како што ќе скрои...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Друмот мене ме чека, само мој е и никому друг сега... Ех, мој инжињеру!...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сметаат за образовани, се држат отмено и никому не веруваат. Сите им се сомнителни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Деновите само се крадат, што се вели, ни истече времето ко вода меѓу прсти и никому ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)