и (сврз.) - академик (имн.)

Авторот имаше чест да ги познава академик Оливера Јашар-Настева и академик Харалампие Поленаковиќ овие две маркантни личности да дели незаборавни моменти со нив, да им се восхитува на нивната ерудиција, мултиетничка и мултикултурна проникнатост не само во балканскиот јазичен сојуз туку и на неговото разгранување во сите други сфери на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
80. Стојан Новаковиќ (1842-1915) е еден од најистакнатите српски научници и виден политичар и државник, универзитетски професор и академик, министер на правдата и за внатрешни работи и претседател на српската влада, но повремено и дипломатски претставник на Србија во Цариград (1886-1891 и 1897), во Париз (1899-1902) и во С.Петербург (1902-1905).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во книгата „Јас на овој свет“, Александар Балабанов, бугарскиот интелектуалец и академик роден во Штип, раскажува како Гоце Делчев го спасил од повеќенеделно гладување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За авторот беше драгоцено и консултирањето на лингвистичките научни трудови на американскиот балканолог академик Виктор Фридман.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)