и (сврз.) - водач (имн.)

Едногласно одлучија од тој ден да им бидам капитен на тимот и водач на „бандата“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и други борци ќе воскресне Река и водач нивни ќе излезам в гора.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Следбениците и водачите на движењата, коишто бучно бараат признавање на своите барања за идентитет, мораат да допуштат дека разликите во чиешто име се борат се толку фундаментални и битни за нивните животи како поединци што тие се спремни, во случај на потреба, да излезат за нив на улици и барикади.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Од денес сум херој, капитен и водач на „бандата“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Захарјади ли? Се разбира дека тој ни е учител, ама и водач и ... кога ќе се обединат сите пролетери, тогаш ќе нема народи, ќе нема држави и граници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)