и (сврз.) - добиток (имн.)

Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Живиот синџир од луѓе и добиток, чекор в чекор, нога зад нога, вчекорува во ливадата покриена со пресна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Инаку и тој, и добитокот и кучињата би се чувствувале како заробеници на ова за очи чудесно убаво, неописливо убаво бело зло.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го собраа и житото и добитокот. Добитокот го врзуваа за нозете, го легнуваа, и откако ќе го изгазеа убаво на мевот, го одврзуваа: ако добитокот можеше сам да стане и да оди, го земаа за носење оружје и храна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А зиме одново ќе се нафатеше мраз на гредите, па луѓето и добитокот изѕемнуваа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Качи го на магаре и добитокот го носи од дома, добитокот го враќа дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А децата, ко деца, си бараат. Децата и добиците никогаш не прашуваат дали има или нема. Си плачат, си мукаат, волчица им вие во мевот. Им се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)