и (сврз.) - закон (имн.)

Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старата левичарска одбивност спрема владеењето на редот и законот сега е соочена со сопствената вистина што се манифестира во Босна и Србија, кадешто локалните воени поглавици без надзор пљачкосуваат, убиваат и си ги суредуваат приватните сметки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Добро, - одговори Гоце. - Вие си го знаете редот и законот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Не сакаше да се помири со тоа дека во животот постојат и закони и сили кои можеби не се праведни, но тие се тука, и треба да се примаат како факти; како што се прима фактот дека денес, наместо сончево, времето е – облачно, господин судија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слично како кај Законот за работни односи, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета,80 така и кај овој закон товарот на докажување паѓа на тужениот доколку во текот на постапката тужителот го сторил веројатно постоењето на вознемирување на работното место (чл. 33).81
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
ЈАКОВ: Јас и законот не се земаме сериозно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Космосот е фигура, орнатус, вишен поредок и закон: Име.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
6.  Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот (чл. 98, ст.2 од УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Приговорот против одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или одлуката за отстранување од кај работодавачот – не ја задржува од извршување одлуката за отказ, односно писмениот налог (чл. 91, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)