1 Како резултат на тоа, во првата половина на 2010-та, беше спроведена првата научно- истражувачка студија од областа на трудовото право и законодавство, којашто е единствена од ваков вид во Југоисточна Европа, а се занимава со проблематиката на правата на работниците во Р. Македонија во дваесетгодишниот транзициски период, насловена: Обезвреднување на трудот – Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Изработката на оваа анализа која освен што треба да претставува јуристички наследник на научно-истражувачката студија од областа на трудовото право и законодавство од 2010 година под наслов „Обезвреднување на трудот – Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“5 се наметна и како суштински мотив и потреба, но и како обврска на левичарските движења и активисти кои поблиску ја следат проблематиката на трудовото право и работничките права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)