и (сврз.) - запад (имн.)

* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НА РАСПАЌЕ МЕЃУ ОРИЕНТОТ И ЗАПАД
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тврдината беа измешани остатоците на врвовите на Истокот и Западот, како гробница на минливоста, како вечен поттик за метафизичките размисли на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, утре, помисли, утре добро би ти дошла една попладневна дремка фина медитеранска сиеста - неоколонијалистичка катарса на почетокот на 21от век на архаичниот Балкан (Хемус, алхемија !) а тој - замисли ! - поделен на Исток и Запад !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)