Кога возот тргнува гледам дека таа не се помрднала, дека ни останува една последна надеж, на Доменил има само една врска и излез на улица, глава-писмо, да или не.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И се отвори небото
како екстаза, луцидна за себе
слепа за сѐ друго!
Човек пред човека не се отвора
на таков начин
ни во исклучителните мигови
на премин од еден во друг
и излез
вон себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Порано, кога бев помлад, сексуалните потфати беа и излез и успех.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да твори извесни симболички предаватели до онастраното, непознатото, идеалното, да даде илустрација и сугестивност на прикаските за спасот и излезот што мудреците од сите провиниенции ги креираат орално и бихејвиористички, или ако повеќе сакате - ан пасан?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)