Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во „Дом, смештај и исхрана“, на висока позиција - да лупи компири и кромид и да мие казани и лонци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сега почувствува мирис на праз и кромид, а зад затворената врата во кујната го слушна шиштењето на шпоретот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тие јадеа пченкарен леб, сирење и кромид.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас и Добрила навалени на колата јадевме леб и мармалад, а спроти нас ручаа албанските кочијаши.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се сеќавам еднаш, што сѐ не ми стави на стомакот, меѓу другото имаше во тоа лук и кромид.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И после копаше, плевеше, косеше и правеше капици сено, уживаше леб и кромид и по секое јадење ги собираше трошките од скутот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)