и (сврз.) - машина (имн.)

Од изворите натаму се следеше една стара патека која наместа се губеше и машината мораше да си прави наново терен за копање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Импресивна глетка создава и машината што претставува механички раце, која се употребува само за ракување со опасни материјали по човечкото здравје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не се работи за зачувување на човечкиот вид преку репродукција, туку за тоа да го степенуваме индивидуумот преку нов проект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако само еден дел од човечкиот мозок има 80.000 синапси (компјутерскиот еквивалент е 3 или 4), некои теоретичари предвидуваат дека наскоро развојот на техниката ќе го премости јазот меѓу луѓето и машините.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе не е сигнификантен полниот однос на мажот и жената, туку интерфејсот меѓу човекот и машината. Телото е застарено.“ 40 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)