Мајка ми донесе ракија и мезе, нешто подизбриша и замина. – Сироти пролетери, со козите ќе стигнеле до Америка и Англија, кај ни е крајот? – започна Чанга. – Шегата настрана, со Сталин не се знае!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Келнерот донесе и мезе, туршија од минатата година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Келнер, уште една тура на масава! И мезе. Како нема? Штом отидоа петлите, ни јајце во кокошарникот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)