и (сврз.) - орев (имн.)

Закачил царско лавче на шубарата. Царот го фали, војниците од мед и ореви ги почестува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И оревот го собрав - неисчукан сам си се истурил врз земјата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Врз секоја попарена кора, ставаше од парчињата пилешко месо, од жолтата погача, но и ореви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Светилките матно светеа, беа многу послаби од пламенот на карбитените ламби под кои уличните трговци продаваа костени, семки и ореви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Маст, сирење, сланина, колбаси, јајца, мед, па кога по појадокот Митра извади и јаболка, круши и ореи, — изненадата немаше крај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)