Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Другари се нешта кои можеби му се случуваат на мојот внук, роднините ги среќавам само на свадби и погреби (ги избегнувам и едните и другите), а тебе, тебе би можело да те избегнува само моето бесчувствително минато.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Вадење млечен зуб – 300$, систематски преглед – 100$, операција на јајници – од 1,000$ нагоре, пристојна еутаназија и погреб (без парастос) – 1,000$, лечење на рак – 7,000$...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)