Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Најнакрај разбираме дека и разделбите се за во песна и додека трае обновата и изградбата ќе има и нови траги на минливоста.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Оној народ, кој што така непосредно и со изострено чувство го воспевал својот живот, зулумите на турскиот поробуач, борбата и Гоце Делчев; љубовта и разделбата, - не можеше да ги остави во себе да вријат впечатоците од великите денои на народно-ослободителната војна.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Можеш да си замислуваш далечни патувања, средби и разделби...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како таков Христов мошне придонел за ширењето на вистините за историската самобитност на македонскиот народ, за неговите поробувања и разделби, за неговата антифашистичка борба за создавање на своја целосна држава.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Повторно, по толку години, се сретнав со онаа тага на ликот на детето – полузатворените очи кои не гледаа со поглед на дете, туку на некој кој видел многу повеќе од детство: тоа е поглед упатен не пред себе, туку кон некоја голема болка, кон некој страотен губиток – како тоа дете да ја насетува својата судбина, и разделбата со онаа која во тој миг толку мирно и заштитнички стои зад него, и која, многу години подоцна, покрај крстот, и самата ќе биде во очај, затоа што ништо нема да може да стори против разделбата и против губитокот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
25
но ти не се враќаш
само јас се играм
и во занес, и во очај
зашто ништо нема моќ
нема такво време
ни таков живот
обнова нема
близина блага ни блаженство
зашто далеку одовде
ги нема милите предмети
нема реки ни планини
нема езера ни миризби
и кајшто ги има
зашто сѐ е црвен кантарион
отсега па натаму
лековита но горчлива
пресеклива трева, жива лава
и сѐ е грешка
и нема помирување
и другото е друго, трето
и сѐ се брои
а ти си единствена, неделлива
грутка, Младост
и мака и мак, и зрнце царевка
царска приказна
полна пресврти и препознавања
делби и разделби
неразрешливи заплети
- и душата ти е водена низ мрак
од незнаење кон знаење,
трагично, Аристотеле –
зашто некој ја негува
уметноста на фугата
бегството, селидбата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од друга страна гледаш локомотиви, маневарки, вагони - и товарни, и патнички.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)