и (сврз.) - ракопис (имн.)

Во неговата библиотека можеа да се најдат драгоцени книги и ракописи на кои можеа да му позавидат државни библиотеки и архиви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неа имаше книги и ракописи кои не можеа да се најдат и во најголемите национални и општински библиотеки во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, замислен и натажен, но со посебно внимание го следеше Татко кога говореше за книгите на џамијата и внесено го праша: Но дали се знае некое од имињата на авторите и книгите на оваа најголема библиотека на времето во Османската Империја и подалеку?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книгите и ракописите од оваа библиотека исчезнале од пламените јазици на пожарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во некои стари карти и ракописи пак тој е именуван и како Бајково маало.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги редев книгите и ракописите. Најпрвин ракописите во една мала картонска кутија, а на нив книгите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По многу нешта се гледа дека листот долго време стоело врз масата, примило разни дамки од некакви шејови што се пренесувале врз него, а и ракописот не тече како кога се пишува одеднаш, туку големината на буквите ту се намалува, ту се зголемува, чиниш го пишувале дватримина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)