И пак работеше: вршеше, вееше, ронеше пченка, колеше свиња и на децата им ја бацуваше чурилката, за да не се мочаат в постела. Ја варосуваше куќата, одеше в црква, ветуваше масло и свеќи и се крстеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А патувањето низ животот ми покажа дека на мажите секој првпат им е фрка и дека, од силна желба и фантазирање, додека не си ја обележат територијата, лесно може да им се случи да се спремаат за „романтична“ средба со вино и свеќи, одбрана музика за која им требало истражувачко испипување на Ф Б и опсервирање на пленот, кој, колку повеќе ги одбива или ги држи на дистанца, толку повеќе им ја јакне потребата од докажување, а сето тоа да заврши само како романтична.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Дење и ноќе светкаа кандилата и свеќите во црквата и во сите манастирски простории.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се користи со мошне малку средства, но тоа навистина е размислување за сликата; сигурен сум дека тој би можел да направи нешто сосема особено сликајќи само стари весници и свеќа. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 63
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Понекои од нив палеле и свеќи и ги оставале да шетаат, да пловат околу нив.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Една продавачка, жена која цел живот се трудела да ја забележам, ронејќи солзи, со усните сензуално потечени, ми вели: - А не, - ми вели. – Сите ние за него бесплатно делиме цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)