и (сврз.) - свирка (имн.)

Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: — Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првпат во својот мравешки живот со игра и свирка ја дочекуваа Новата година.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се слушаат радосни извици придружени од песни и свирки.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Жена му на Танаил, слушајќи ги тапаните и свирките, пеењето и викањето во дворот на Китан, велеше со јад во душата и со подбив: - Ха!
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)