Србите направија преврат и во сфаќањата и стремежите на Македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но уште помалку во бугарска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како и многу друго во модерната уметност така и корените на овој интерес за детската уметност лежат во романтичарското движење кое меѓу другото, детската наивност ја интерпретира како „генијалност”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Со таа погрешна политика тој давал значајно оружје во рацете на сите недоволно упатени или недобронамерни да ја напаѓаат Револуционерната организација и да ѝ препишуваат цели и стремежи што таа ги немала.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но со растурањето на друштвото не се изменија чувствата и стремежите на Македонците во Србија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но тие не пренесуваат како се чувствуваме; не можат само со своето присуство да го втелесат нашиот емоционален свет, нашите копнеења и стремежи, нашата сентименталност, нашите задоволства, чувствата што нѐ прават настрани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изложбата „Невиното око: Детска уметност и модерните уметници” и каталогот (од кој е адаптиран овој есеј) имаат цел да го надокнадат пропуштеното, и постапно да ни овозможат подлабоко разбирање на креативните процеси и стремежи во работата на модерните уметници.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Опасностите што ги предвидуваше Мисирков и стремежите што ги застапуваше Миловановиќ беа и реализирани: како министер претседател на српската влада М.Миловановиќ во февруари 1912 год. го потпиша договорот со Бугарија за завојување на Македонија, иако не ги дочека и резултатите од завојувачката војна.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)