и (сврз.) - тревар (имн.)

И треварите, уште пред да ги повика да му помогнат, се свртеле од огнот не исправајќи се премногу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чудна простодушност, рече: – Сите исцелители и тревари во Базел тврдат дека сум измамник. Можеби се во право.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дозволи ми и натаму да ја гледам пепелта. Ќе се вратам, кога ќе станам посилен и ќе ти бидам ученик, и на крајот од Патот ќе ја здогледам розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Демнел сепак да зграпчи месо од оган, да загризе кучешки во него со голите непца. Онисифор Мечкојад опцул.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)