и (сврз.) - воден (прид.)

Тоа не беше силен дожд и не тропаше додека врнеше, се брануваше во водни платна и воден прав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Планината што се накреваше од самата крајна југозападна страна Водно ја нарече Чана, може вистина е и водна планина, Чана рече уште дека многумина мажи од нивната зграда, од збегот, работеле таму.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред нас скокаат жаби и водни змии во реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако понира и наѕира ако плови, ако и самата се плаши не мами ја, и водна, и слатка сепак е – змија!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Има широки пасишта и водени токови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)