Хрватската илузија, дека фашистичкиот и комунистичкиот тоталитаризам се туѓо тело врз здравото хрватско народно јадро и дека најпосле оствареното владеење на народната волја автоматски е и измирување со злото од минатото и воедно исчекор во демократска иднина, има само една цел - потискување на вистината на тоталитаризмот, а со тоа и негова репродукција.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во месец октомври 1946 година е склучен договор за соработка меѓу НОФ на Македонците од Егејска Македонија и Комунистичката партија на Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во XX век, во нивниот бес да се пресметаат со природата поради наводната индустридолатрија, капиталистичкиот, фашистичкиот и комунистичкиот систем ќе настојуваат дефинитивно да ја победат козата, зашто таа претставувала продолжување на традицијата и носталгијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А уште колку ќе биде дадено до конечното истребување на славо-комунистите и комунистичките банди како што има запишано во својот извештај генералот Ван Флит, кој е главен американски советник на режимот во Грција?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)