Едноличните сенки се вртеа в круг. Опашките им беа црни и лепливи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го чекав, со по некоја мисла што ми заминуваше и се враќаше, а беше густа и леплива, како летното пладне, и не можев да ја расточам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Слетавме во темна, густа, длабока и миризлива, топла и леплива ноќ, индиска ноќ, крај океанот, во Гоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Беше една дебела матица живот, натопена со највистинската густа и леплива тага, што не се признава.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислите му беа жолти и лепливи, се кончеа скришум и ползешкум, многу слични на една трева, што ја викаат самовилска коса и што расте по најзаглушните места и најниските присои, едни сосема лесни, тивки, шупливи мисли, токму како таа несигурно поникната тревка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Светецот што ја бранеше на икона православната вера со тризабец имаше лице какво што еднаш ќе може да го има мртов Јаков Иконописец од Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали само покојниот Дмитар-Пејко, некогаш Димитариноарие, знаеше какво чудовиште нѐ следи и чувствуваше ли тој на своето грло, како што чувствував јас, влажни и лепливи шепи на магла?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За несреќа, се погоди да ја сретне Французинката баш откако се враќаше од трчање, а беше забревтан, испотен и особено мирислив и леплив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Усните ги растегна во огромна, широка насмевка, при што ѝ се видоа големите бели заби како плочки за бања, а потоа се плесна со раката по челото и викна: - Лааа!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дршката беше топла и леплива од крвта на отец Висарион.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)