А во прашните и маларични делници, тие понекогаш престануваа да бидат луѓе, ја губеа својата душевност и бараа заборав во туѓите мали несреќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)