Му личи, од тие причини, пајакот на бог презрен и казнет од другите богови, смален и фрлен на лицето на земјата, да биде вечно исмејуван како мал создател, создател на мали, ненужни и непостојани вселени, ткаени од пајажинест конец, вселени трајни колку и мигот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Распределбата на разни видови духови во нашето племе од почетокот била каприциозна и непостојана.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па и преподавањето сказанија, собитија и истории, зарем не е траење на мрежа совршена, во која секоја нишка, секој конец треба да дојде на своето место кога времето ќе стигне за тоа, кога јазлите ќе се заврзат, и зарем и тие, сказанијата, не се ненужни и непостојани вселени?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Најпосле братучед ми Мурад рече: „Слези. Сакам да јавам сам.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)