и (сврз.) - неразбирлив (прид.)

Од исток веќе накачи аскерот до врвот „Боцкин Камен".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но сега-засега од такви подробни разгледувања за засегнатите прашања уште нема голема и неодложна потреба; затоа требаше за сите од нив да се кажат по неколку збора, зашто тие едно без друго се нејасни и неразбирливи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Растегната помеѓу иронијата и тајниот компромис, Дишановата уметност се протега сѐ до “јазикот” и “однесувањето”, за да може да ја истакне (потполно лаички), сопствената идентификација со животот, со постоењето и состојбата на човекот, постоење и состојба двосмислени и неразбирливи, преоптоварени со значења и вредности, но, истовремено бесмислени и парадоксални, со надареност и потсмев подарени од претпоставениот и мошне скриен Творец, кого уметникот неодредено го имитира. превод: Леа Марсел Дишан: Илјада струни 202 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оваа излитена идеја (ide reue), ќе го оддалечи Балканот од европските лингвистички кругови, сметајќи го како недостапен, комплициран и неразбирлив...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од лево и од десно на кабината се слушаа измешани и неразбирливи разговори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
САВЕТКА: Блиску се. Ајде да побрзаме! (брзо се повлекуваат во куќата). (Пред портата шум и неразбирливи зборови.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Грк, Елин во мантија“, рече Никифор Ганевски. „Се налутил, запалил куќа.“ „Поп, значи, а? И улав.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лесновчаните го благословиле зашто им пеел во црква на туѓ и неразбирлив јазик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Внимавај сега... Пред мостот нѐ запира силен и неразбирлив крик.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури тогаш сфати колку е осамен во тој прекрасен, луд и неразбирлив град, во кој никогаш веќе нема да биде среќен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)