и (сврз.) - неук (прид.)

Генерациската различност си ја дефиниравме со отфрлање на геј-културата на претходните генерации – со отфрлање на самата геј-култура – како нешто очајно анахроно и неуко, како замена за правата ствар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно јас уште не можев да знам што значи тој збор, воопшто бев многу прост и неук.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така рече другаро Маркс и шо има туа, прост и неук селанец да докажува, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку да си неразумен и неук, чувствуваш нешто неправедно, тиранско.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)