и (сврз.) - одвратен (прид.)

Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ситна и одвратна среќа што не се на местото на робовите, си рече Марко во себе и згаден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)