и (сврз.) - постар (прид.)

Сега изгледаше повисока и постара. „Па видете колку многу тули сте изѕидале откако бев овде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ноќта око не склопивме. Чекавме да дојдат по татко ми и постарите браќа. Но никој не дојде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Почнаа и нашите женски разговори. И децата и постарите жени се трудеа да ме имаат покрај себе. Едноставно, им беше убаво со мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)