и (сврз.) - растреперен (прид.)

Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една година пред смртта, ја нацрта „Покрај сината грмушка” (Beim Blauen Busch), со симплифицирана и растреперена палета, инфантилна стапчеста фигура со тотално неспретен потпис, а сето тоа наречено како повикување на цртачките обиди од детството.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овој стил е одраз на неговото враќање кон детството, што кореспондира со фрлање поглед наназад и преиспитување на сопствениот живот непосредно пред смртта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
МЛАДИЧОТ: (Ја прима сиот блед и растреперен.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да не мислиш самата тамо да ме оставиш? — со жален и растреперен глас му се загледа Митра очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И сите делови на неговото тело станаа звучни и растреперени. Нѐ сети кога дојде тука.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)