и (сврз.) - човеков (прид.)

Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тврда е земјата не само затоа што ја бијат авиони и топови, ами и затоа што ја бие и човековата несреќа и пизма...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице 98 што располага со државен капитал е должно вршењето на својата функција или должност да го подреди на начелата на законитост, ефикасност, доверба, независност, автономност, чесност и професионалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие лица се должни, во вршењето на својата функција или должност, да постапуваат совесно, стручно, непристрасно, без дискриминација или повластување на кого било, со целосно почитување на човековите права и слободи и човековото достоинство и без никаков личен интерес (чл. 37, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)