- Тој лани седеше во неа. Тој имаше остро ноже и везден делкаше...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
(Се разбира, сега, иако малку доцна, сепак сфатив, дека татко ти посакувал да покаже дека и тој е чедо на животот па токму поради тоа, тој проклет живот не смеел да се однесува кон него толку сурово, и везден да го казнува).
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ете вистина, стрико, се тие пилиња кај нас и везден кај се бараат и не можат да се видат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Око не ја фаќа
саноќ и везден
по рабовите
на неправилниот круг
на животот.
Некој ѕвони. Некој друг.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)