и (сврз.) - внатре (прил.)

Најдобро е цел свет да е еден голем затвор. Да нема надвор и внатре. И секој да внимава на секого. Така ќе биде мир.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во ѕидовите направени некои долапи и внатре се ставаа ситни работи – по турски.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Селанецот место да застане, ја тргна белата крпа, со која беше покриена кошницата и внатре се покажаа црвени велигденски јајца.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беќар сум, сакам да се женам. (Општо смеење, и внатре и кај жетварките на чардакот.) КАТА: Море Анѓеле, чудо не те нашло, што си се отворил олку да зборуваш?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се разделија. Вратата се отвори и внатре влезе мирисот на тивкиот свет што ги чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Треба да им однесам на пријателите во градот некое црвено јајце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)